Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска вети дека САД ќе обезбедат околу 300 милиони долари за зајакнување на безбедноста на Југоисточна Азија.
Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.
Глечерот на шведската планина Кебнекаисе толку се стопи на летните температури, што веќе не е највисокиот врв во таа земја.
Сојузен судија нареди на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да ја рестартира програмата ДАЦА, со која се спречува депортација на имигранти кои илегално влегле во САД кога биле деца.
Шпанија ќе формира централно оперативна команда, што ќе се занимава со миграцијата, соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез.
Индија денеска соопшти дека ќе воведе повисоки царини за некои производи увезени од САД од 18 септември.
Северна Кореја не ја запре својата нуклеарна и ракетна програма, што е кршење на резолуциите на Обединетите нации, се наведува во извештај на ОН, пренесува Хина.
Хеликоптер Ми-8 се урна во Краснојарск, откако со пропелер ја закачил конструкцијата за превоз на товар на друг хеликоптер, јави ТАСС, повикувајќи се на информација од „Росавиација".
Државниот секретар на САД Мајк Помпео увери дека и покрај тензиите поради приведувањето на американски светеник и други несогласувања, Турција останува клучен сојузник во НАТО.
Велика Британија во текот на изминатата деценија разви култури на „дигитална зависност", така што повеќето луѓе мора постојано да бидат поврзани на интернет, објави националната агенција за телекомуникации во годишниот извештај.