Министерот за одбрана Пиро Венгу при посетата на воздухопловната база Кучово најави дека беспилотните летала „Бајрактар“ се подготвени да бидат вклучени за итни случаи, односно во актуелната состојба со пожарите, кои беснеат низ целата земја.
Земји кои сакаат да ги вратат своите граѓани од Либан и поширокиот регион, како што се САД, Канада, Франција и Германија, очигледно имаат свои супериорни средства и квалитет, доколку бидат потребни дополнителни операции за оваа цел.
Таа мисија соопшти дека во согласност со својот мандат, продолжува внимателно да ја следи безбедносната состојба на Косово, пренесе Бета.
Властите во Србија се соочуваат со се пожесток отпор за ископувањето литиум, откако Белград на 19 јули потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, и тоа предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата држава.
Според него, сите планови за отворање на мостот се насочени кон поттикнување мирна интеракција меѓу двете заедници.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги актуелните настани на Косово изјави дека „Албин Курти провоцира затоа што времето му истекува“ и дека сака да предизвика конфликти пред американските избори, јави дописникот на МИА од Белград.
Верувам дека наскоро ќе тргнеме со градба на музејот на Новак Ѓоковиќ, кој би бил атракција за Белград. Денеска имавме разговори за тоа и веруваме дека тоа можеме да го завршиме пред Експо, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Поранешниот министер за одбрана на Грција и почесен началник на Генералштабот на армијата Алкивиадис Стефанис е новиот управител на Света Гора, откако претходниот, почесниот амбасадор Анастасиос Мицијалис си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.
Меѓународните мировни сили (КФОР) денеска ја повторија својата определба дека одлуката за отворање на главниот мост на Ибар, меѓу северна и јужна Митровица, треба да биде донесена во рамките на дијалогот, со посредство на Европската унија.
Тој рече дека пред два дена пет Срби во Поморавље (Косово) се уапсени и дека „сега се сетиле дека овие луѓе извршиле наводни злосторства во 1999 година“.