Во денешното интервју за порталот „Економија онлајн“, Суниог рече дека формирањето на ЗСО е меѓународна и правна обврска на Косово, на која земјата се согласи во 2013 година, а која беше ратификувана и од Собранието на Косово со уставно мнозинство.
Градските власти во Загреб соопштија дека поради топлотниот бран што трае веќе извесно време, ќе им овозможат и следниов викенд бесплатен влез во градските базени и градските музеи на сите жители на главниот град на Хрватска.
Изразувајќи задоволство што неговата влада помогнала да се отвори платформата, Ховениер рече дека кога претприемачите од дијаспората се враќаат во земјата, тие тука го носат со себе најдоброто.
Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета.
Српската Влада денеска ја усвои Уредбата за спроведување на Уредбата за утврдување на просторен план на подрачјето за реализација на посебна намена за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“.
Владата на Косово до 18 јули ќе достави коментари до Европската унија за начинот на спроведување на планот и редоследот на чекорите за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, потврдија високи претставници на Владата на Косово, пренесе Бета.
Дополнително, на денешниот редовен состанок, началникот на новоформираната Национална управа за сајбер безбедност Михалис Блецас го презентирал главните приоритети на конкретната управа.
Косовската влада го промовира денеска „Прозорецот за инвестиции на дијаспората“, кој претставува кредитната програма од која може да има корист косовската дијаспора заинтересирана за инвестирање во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и потпретседателот на Европската комисија за енергетика, Марош Шефчович, доаѓаат во Србија на 19 јули каде ќе имаат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави ТВ Н1. Темата на средбата е ископот на литиум.
„Високиот претставник препорачува укинување на мерките за Косово, како што нагласи на прес-конференцијата на 24 јуни 2024 година. Дискусиите во Советот продолжуваат“, изјави Стано за Телеграфи