Од Белата куќа и од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека за време на телефонскиот разговор Бајден му честитал на Мицотакис за националниот празник, а станало збор за повеќе теми како што се Источниот Медитеран, Западен Балкан, климатските промени, но била истакната и волјата за понатамошно продлабочување на силните билатерални врски меѓу двете земји
На меѓународниот аеродром во Тирана попладнево пристигна пратка од 192.000 вакцини против Ковид-19 од кинеско производство, од договорените еден милион.
Видео-конференцијата на Европски народни партии (ЕПП) беше фокусирана на набавките на вакцини и односите на Европска Унија со Турција и Русија, за кои шефовите на држави и влади ќе разговараат на Европскиот совет, соопшти Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).
Владимир Билчик, известувач на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, во својот извештај, за кој денеска дискутира ЕП, наведува „посебна загриженост поради дезинформациите од Кремљ што се дистрибуираат преку Спутник Србија и други актери”. Српските власти се повикани на „преиспитување на аранжманите кои тоа го овозможуваат”, објави Спутник Србија
Еден милион кинески вакцини против ковид-19 се обезбедени во договорот со турски дистрибутер, за време на престојот на албанскиот премиер Еди Рама на Турција
Бранислав Лечиќ денеска соопшти дека поради аферата, во која актерката Данијела Штајнфелд го обвини за силување, се повлекува од лидерската функција во движењето „Демократи на Србија”
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му честиташе на Албин Курти за изборот за премиер на Косово и истовремено од него побара да го преиспита прашањето за Амбасадата на Косово во Ерусалим, пренесува Агенција Анадолија
Неодобрувањето на работата на Законодавниот дом е особено изразено кај граѓаните на Софија, кај младите Бугари на возраст под 30 години, како и кај најстарите, над 60 години
Воини на коњи, припадниците на претседателската гарда, т.н Евзони, единици на армијата и воената морнарица, тенкови, пешадија, нуркачки единици, учествуваа на воената парада во Атина по повод 200 години од востанието на независноста на Грција, парада што се одржа во присуство на високи гости, но и без публика поради пандемијата
Еден од двајцата руски дипломати во Бугарија, кој во понеделникот беше прогласен за персона нон грата под обвинение за шпионажа, ја напушти земјата, денеска објави електронското издание на весникот „Труд“, повикувајќи се на Тасс,