На две недели пред парламентарните избори во Бугарија, бугарската владеачка партија ГЕРБ го консолидира своето водство, и покрај пикот на третиот бран од коронавирус.
Актерката Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс.
Новиот состав на Собранието на Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, го избра денеска, со 69 гласа „за“, 33 „против“ и ниеден „воздржан“, Глаук Коњуфца за нов собраниски спикер
Руски поморски сили од Балтичката флота се испратени во Црно Море заради вежбата на НАТО, пренесоа руските медиуми
Повлекувањето на Турција од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство е уназадување во областа на човековите права и предизвикува особено разочарување, коментираат од Министерството за надворешни работи на Грција
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе отпатува за Франција, каде ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон
Откако многу мал број приватни лекари доброволно се пријавија да го зајакнат националниот здравствен систем во Грција и да помогнат во битката со Ковид-19, Министерството за здравство одлучи да мобилизира 206 приватни пулмолози, патолози и општи лекари во областа Атика, поширокиот регион на Атина
Новиот состав на Собранието на Република Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, денеска треба да ја одржи својата конститутивна седница, на чиј дневен ред е изборот на новиот паламентарен спикер и на собраниските потпреседатели
Под специјални протоколи и правила, фризерските и козметичките салони, како и археолошките локалитети во Грција денеска почнуваат со работа, иако во земјата сѐ уште е во тек третиот бран од пандемијата, со зголемен број новозаразени и речиси исполнети болници
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ја прифати можноста за разговори за реконструкција на црногорската Влада, формирана на 4 декември.