Во него се додава дека натамошното продолжување на имплементацијата на проектот на рудникот Јадар во сегашните услови би довело до продлабочување на поделбите во општеството и до сериозна политичка и социјална криза.
Како што наведуваат, за ова биле информирани од претставништвото на компанијата, која е носител на лиценцата за лекот во Србија.
Од 2017 година - кога стана членка на НАТО - Црна Гора одвои повеќе од 750 милиони евра за одбрана. Од тоа годинашниот буџет надминува 150 милиони евра.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека очекува, што се однесува до европската политика, поповолна ситуација за Србија во Европскиот парламент, но додаде дека не е сигурен дека таа ќе биде поповолна во Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓуриќ на новинарите во Луксембург им кажа дека денеска е „многу значаен ден за Србија кога станува збор за евроинтеграциите“, бидејќи е поканета да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и претставниците на Западен Балкан.
-Ќе разговараме со сите луѓе. Сакам нашето општество во Србија да донесе одлука, а луѓето да ги разгледаат сите аргументи, луѓето да слушнат колку глупости можевме да слушнеме во претходните седум дена, колку невистини, колку лаги, посочи Вучиќ.
По денешната седница на собраниското Претседателство, Коњуфца пред новинарите изјави дека не очекува Србија да го спроведе Основниот договор од Брисел и оти „никаква заедница“ на општини со мнозинско српско население не е на дневен ред во Косово.
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, денеска учествуваше на состанокот на Советот на министри за надворешни работи во Луксембург.
Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа би и дало крилја на „реваншистичката“ политика на Србија, пишува Ноје цирхер цајтунг. Тоа би значело обид за поместување на границите на Балканот и можеби нова војна, оценува весникот, пренесоа белградски медиуми
Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Луксембург изјави дека Западен Балкан треба да се фокусира на решавање на отворените прашања и негување добрососедски односи во согласност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.