Во соопштението на владината служба за информирање се вели дека Курти и Саразин разговарале и за регионалната соработка и очекувањата од следниот Самит што ќе се одржи во Берлин по повод 10-годишниот јубилеј на Берлинскиот процес.
Инцидентот се случил претпладнево во училиште во северниот дел на Атина, а според медиумите, приведените се на возраст од 14 години и не се ученици во конкретното средно училиште.
Европратеничката од Нова демократија, која е казнета до 40.000 евра, го прекршила основниот принцип на законитост, објективност и транспарентност на обработката на податоци.
Лидерот на бошњачката Партија за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ денеска беше сослушан во просториите на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) во Сараево по кривичната пријава против него за поттикнување на национална, верска и расна нетрпеливост.
Дописничката на МИА од Атина ги посети двете главни локации во пресрет натпреварот – плоштадот „Коѕиа“ пред општинската зграда во центарот на Атина каде што утрово започна „UEFA Europa Conference League Fan Festival“ и стадионот во атинската населба Неа Филаделфија.
Како што соопшти претседателскиот кабинет, Османи на средбата со германскиот емисар ја истакнала посветеноста на Косово на евроинтегративните процеси, изразувајќи благодарност за поддршката на Германија.
Албанските и косовските граѓани, во првиот квартал од годинава, ја предводат листата на баратели на азил од Западен Балкан, во земја од Европската унија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на Гласот на Америка.
Малолетниците се осомничени за кривично дело тешко убиство. Ф. Б денеска беше на распит во Вишото јавно обвинителство, по што му е одреден притвор од 30 дена. И за вториот осомничен малолетник предвиден е распит кај обвинител и притвор.
Договорот на Албанија со Италија за мигрантите е уникатен, и покрај интересот од другите влади ваков договор да потпишат со нас, ние рековме не, изјавил премиерот Еди Рама за „Фајненшл тајмс“.
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Европската Унија и Соединетите Американски Држави покажале дека се премногу попустливи кон Србија, на која треба да ѝ постават ултиматум за да воведе санкции кон Русија.