Во врска со средбите на косовскиот премиер со челниците на парламентарните партии, пратеник од редовите на неговата партија, Движење самоопределување (ВВ), кој побарал да остане анонимен, откри каква е зделката што Курти се обидува да ја постигне со опозицијата.
Она што денес има предност е итен прекин на непријателствата, ослободување на заложниците и непречен проток на хуманитарната помош.
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, која денеска е во посета на Албанија, се обрати пред народните избраници во албанскиот парламент, при што меѓу другото оцени дека „светот се соочува со сериозни глобални кризи а дипломатијата, е единствено решение за крај на конфликтите“.
Собранието на Косово го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Косово и Кралството Данска за користење на поправната установа - затворот во Гњилане заради извршување на казните за затвореници од Данска, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателката на Словенија, Пирц Мусар, оценила дека Албанија постигнала успех во борбата против корупцијата, додавајќи дека „не е невозможно Албанија да влезе во Европската унија во 2030 година“, потврдувајќи ја поддршката на Словенија за Албанија во интегративните процеси.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Генералното собрание на ОН, каде се гласа за резолуцијата за Сребреница, нагласи дека тоа е многу политизирана резолуција и ги повика сите земји членки да не гласаат.
Постојаната претставничка на Германија во ОН, Антје Лендерце денеска при презентацијата на нацрт-резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на Генералното собрание во Њујорк изјави дека се прифатени сите амандмани на оригиналниот текст.
Министерството за одбрана соопшти дека затоа ги отфрла „апсурдните и злонамерни тврдења на таканаречениот премиер на привремените институции на Приштина (Албин Курти) во кои тој го поврзува вооружувањето на српската армија со ескалација на ситуацијата во регион“.
На подрачјето на Сребреница денеска голем број членови на Дирекцијата за координација на полициските тела на БиХ (ДКПТ) се распоредени пред Меморијалниот центар во Сребреница, што беше затворен за посетители во 14 часот.
Договорот е усвоен со 82 гласа „за“, од 93 пратеници колку што беа во салата, а во гласањето не учествуваа пратениците на опозициската Демократска партија на Косово.