Со новопотврдените 14 случаи, во последното деноноќие, вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 750 лица
Словенечкото Собрание на вонредна седница расправа за новиот пакет закони со кои се предвидуваат две милијарди евра помош за економијата погодена од епидемијата на новиот коронавирус
Како што соопштија од Министерството за туризам на Грција, Теохарис ја споменал и потребата за формирање заеднички протоколи за аеродромите, хотелите, јавниот превоз, угостителството и слично како и формирање Фонд за закрепнување за туризмот на европско ниво
Ако си жртва на семејно насилство или на сексуални напади, дојди во аптеката во твојата населба и побарај ја маската што ќе ти спаси живот. Побарај „Маска-19“
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 35 случаи кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 201
Во Албанија почина уште еден пациент од последици од новиот коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 29 лица
Заедно со пандемијата од новиот коронавирус меѓу албанските граѓани се врати и стравот од земјотреси
Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, за телевизијата Ора њуз, изјави дека одлуката за отворање преговори за членство со ЕУ останала во сенка на пандемиската криза.
Во Косово и натаму има 1.640 исчезнати лица од војната во 1998-99 година, што значи дека и Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) има најмалку уште толку причини да го продолжи мандатот в земјата, изјави денеска шефот на ЕУЛЕКС Ларс Гунар Вигермарк.
Постепено отворање на образовните институции и задолжително носење маска во сите затворени и прометни простори за граѓаните се двете нови препораки од надлежната експертска комисија за Ковид-19 во Министерство за здравство на Грција.