Во Хрватска попладнево е издадено црвено предупредување од Државниот хидрометеоролошки завод за следните два дена, кога се очекуваат вистински зимски услови и на копно и на море.
Односите со Србија се „најдобри и најстабилни од независноста на Црна Гора, а соработката е интензивна“, изјави шефот на црногорскатра дипломатијата Срѓан Дармановиќ за Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), додавајќи дека Црна Гора ќе гласа за прием на Косово во Интерпол.
Авиокомпаниите што летаат од и кон Грција, до грчката полиција ќе бидат обврзани да доставуваат листа со податоци за сите патниците за секој лет.
Србија е посветена на иднината, но за жал регионот на Западен Балкна се враќа наназад, изјави денеска во Виена српската премиерка Ана Брнабиќ по работниот појадок со австрискиот канцелар Себастијан Курц со премиерите на западнобалканските земји.
Претседателството на Собранието на Косово одлучи да ја закаже за в четврток вонредната седница, на која, на барање на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), ќе се распарава за надворешната политика на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српската министерка за сообраќај, градежништво и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска најави дека и покрај проблемите на градилиштето, до крајот на годината сепак ќе биде пуштена во сообраќај делницата од автопатот кон Македонија низ Грделичката Клисура.
Лидерите на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша и на третата по големина партија Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, повикаа на „обединување против злото и криминалната секта на власт“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај побарал денеска од австрискиот канцелар Себастијан Курц, како актуелен претседавач со Европската унија (ЕУ), да го стави на дневен ред во агендата на Унијата прашањето за визна либерализација на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Австрија ги поддржува стремежите на земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц по работната средба која денеска во Виена ја имаше со владини функционери од Западен Балкан.
Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан и додека во Хрватска падна снег, во Федерацијата БиХ е прогласен црвен аларм поради најавени врнежи, а на Маврово во Македонија дебелината на снежната покривка достигна 25 сантиметри.