Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во врска со вчерашната изјава на претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи за визната либерализација, рече дека Рукиќи „соли памет“ и нема познавања за процесот на либерализацијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
На Игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј денеска му беше дадена наградата „Европски граѓанин“ во Народното собрание на Бугарија.
Косовските безбедносни сили (БСК) наскоро ќе добијат нов мандат, тврди косовскиот претседател Хашим Тачи.
Европската унија во дијалогот меѓу Белград и Приштина прокламира решение кое не се заснова на идејата за етнички чисти држави, велат извори од кабинетот на високата комесарка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, за денешното издание на „Коха Диторе“.
Албанија и Европската Унија потпишаа договор за соработка помеѓу Тирана и Фронтекс, европската погранична агенција, за заедничка гранична управа.
Европскиот Парламент смета дека каков било договор меѓу Белград и Притшина може да биде прифатен само ако се договорат обете страни и ако се земе предвид стабилноста во регионот и меѓународното право, изјави синоќа известителот за Србија во ЕП Дејвид Мекалистер, истакнувајќи дека ЕП не е склон кон создавање етнички хомогени држави.
Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека стратешка определба на Србија е членство во ЕУ за што се доказ обемните реформи кои земјата ги спроведува, усогласувањето со европските стандарди, изразената силна политичка волја за постигнување одржлив компромис со Приштина и регионалната соработка.
Атинскиот архиепископ Јероним синоќа ја откажа закажаната средба планирана за утрово со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, објави „Катимерини“. Црковни лица го оценија овој настан како реткост, нагаѓајќи која порака сака да се испрати со тоа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.
Владата на Црна Гора денеска усвои нови законски решенија според кои е предвидена казна од 300 до 2.000 евра за лицето кое нема да стои за време на интонирање на националната химна.