Претседателството на Собранието на Косово синоќа на итна седница одлучи да закаже вонредна собраниска седница за утрово во 9:00 часот, на барање на премиерот Рамуш Харадинај, еден час пред претходно закажаната вонредна седница на барање на опозицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на Фејсбук соопшти дека претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, „силно го поддржува" постигнувањето договорот меѓу Белград и Приштина, како клучен услов за обезбедување долгорочен мир во Западен Балкан и за отворање на евроатланската перспектива.
Германскиот министер за Европа Михаел Рот им порача на „пријателите во Косово и Србија“ дека прекројувањето на границите не е решение и дека иднината на Западен Балкан е мултиетничка.
Министерката за труд и социјала на Грција, Ефи Ахциоглу денеска ја потпиша првата владина одлука за четири колективни договори во четири различни сектори, одлука која според грчкиот премиер го означува излезот за земјата од меморандумите.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната седница на Владата, на која го објави составот на владината делегација за преговорите со Србија, нагласи дека никој од тие што ќе отпатуваат во Брисел нема мандат да го доведува во прашање територијалниот интегритет на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска изјави дека постојат реални шанси во наредните месеци да се постигне сеопфатен и правнообврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово.
Балканот има капацитет да стане силно економско подрачје, изјави денеска во Подгорица бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес-конференција по средбата со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ.
САД не се спротивставуваат на разговорите за размена на територија меѓу Србија и Косово, но тоа не значи дека Вашингтон на крајот ќе го поддржи таквиот договор, пишува денеска лондонскиот весник „Гардијан“.
Албанската опозиција ќе ја бојкотира денешната седница на Парламентот, која е прва по летните одмори. Дел од раководството и пратениците отпатуваа за северниот град Скадар, каде во последните три месеци забележан е рапиден раст на криминалните дела, меѓу кои и шест, како што ги нарекуваат, „мафијашки убиства“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај формира владин тим кој ќе ги води преговорите за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што треба да продолжат во Брисел на 7 септември, јави допиисникот на МИА од Приштина.