Владата на Црна Гора одлучи да ги понуди црногорските аеродроми на концесија, а повик за сите заинтересирани наскоро ќе биде објавен на нејзината веб страница, соопшти министерот за транспорт Осман Нурковиќ.
Косовските институции во наредните денови ќе потрошат 2,6 милиони евра за купување на 71 луксузен џип и 15 патнички возила.
Противпожарната служба на Грција синоќа соопшти дека се идентификувани телата на 81 жртва на шумските пожари, кои беснеаа во близина на Атина минатата недела.
И годинава претставници на бројните македонски здруженија, на Националниот совет и на амбасадата во Белград, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, го одбележаа Илинден.
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август - Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повтори дека е отворен да разговара за корекција на границата со Србија, но не и за размена на територии.
Речиси 39 отсто од граѓаните во Босна и Херцеговина се против склучување национално мешовити бракови, а во тоа противење предначат Србите.
Сараевската полиција вчера и денеска уапси пет лица, кои се товарат за напад на мигранти и грабеж, кој го извеле така што исценирале полициска заседа.
"За да работата биде полоша, на преговарачката маса е размена на територијата, односно прекрјување на границите, според која Прешевската долина ќе припадне на самопрогласеното Косово , кое покрај останатото ќе стане и членка на ООН“ изјави Јеремиќ на телевизијата Н1.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека е во тек операција за потрага по брод, за кој се верува дека превезува околу 50 мигранти, а кој упатил повик за помош источно од грчкиот остров Самос.