Локалните медиуми јавија дека Хеленското друштво за заштита на природата и Одборот за туризам ги отстраниле сите Сини знамиња од островот Закинтос по жалбите дека плажите на кои им се доделени овие признанија не ги исполнуваат критериумите.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска, по повод 14-годишнината од обновата на Стариот мост во Мостар ќе ја потпишат „Мостарската повелба за мир“.
Членови на грчката анархистичка група Рубикон фрлија црвена боја врз зградата на Министерството за надворешни работи во Атина.
Државниот министер надлежен за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот денеска од Тирана упати апел до албанските политичари да ја превземат одговорноста која им припаѓа и да не го попречуваат членството во ЕУ.
Во знак на солидарност кон палестинскиот народ, како што самите објавија на анархистички сајт, членови на „Рубикон“ со боја нападнаа една од зградите на Министерството за надворешни работи на Грција во центарот на Атина.
Министерството за надворешни работи на Косово изрази вознемиреност поради информациите кои ги објавија, како што нагласува, кредибилни меѓународни организации, како Амнести интернешенел (АИ), дека Србија продава оружје на терористички организации, пред се во Африка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот министерот за одбрана Александар Вулин изјави дека за Србија прифатливо компромисно решение за Косово е „разграничување и запирање на ширењето на Голема Албанија".
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ изјави дека не очекува реакција на надлежните за постапките на Приштина, поради што Белград ќе ја разгледа можноста за превземање на индивидуални мерки.
Косовската полиција соопшти утрово дека во дворот на православна црква во селото Сушица, општина Грачаница, се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека се човечки, јави дописникот на МИА од Приштина.
Двајца мигранти загинаа, а еден е повреден откако воз удрил во нив во североисточниот дел на Грција.