Освен од Бугарија, на настанот ќе има и гости од Србија, Чешка и Словенија. Покрај автомобили, на Ретропарадата годинава ќе бидат прикажани и мотори.
Косово денеска ја одбележува 28-та годишнина од својата прва република, прогласена на 2 јули 1990 година со Уставната декларација, која ја потпишаа 114 пратеници во тогашното Собрание на Социјалистичка Автономна Покраина Косово, мнозинството Албанци, но и претставници на бошњачкото и турското малцинство, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Белград изјави дека е познато оти Косово е „отворено прашање“, но тоа не е „се и сешто“ за напредокот на Србија на европскиот пат.
Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос денеска излезе од затвор, откако пред шест години беше уапсен под обвинение за примање поткуп.
Доколку дојде и кога ќе дојде решението со Македонија за ратификација во грчкиот Парламент, Независни Грци „ќе ја дадат последната битка за да пропадне Договорот“.
Словенечкото население старее, но нивниот животен век е за осум години подолг, додека за килограм леб работат третина време помалку отколку пред 27 години, кога оваа земја на 25 јуни 1991 ја објави Декларацијата за независност, односно за отцепување од поранешна СФРЈ.
Годишната дозволена квота во Црна Гора за вработување странци изнесува 18.000 лица. Директорот на Заводот за вработување на Црна Гора, Суљо Мустафиќ истакна дека се веќе остварени половина од дозволените вработувања на странски државјани - над 9.170 лица.
Амбасадорката на Европската унија во Тирана, Романа Влахутин изјави дека до јуни 2019 година, кога се очекува датум за почеток на преговорите за членство на Албанија во ЕУ, Тирана има голем предизвик поврзан со политчкото единство и забрзувањето на реформите.
Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот - српскиот Хидрометеролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина.
Украинскиот претседател Петро Порошенко утре ќе престојува во официјална посета на Србија, информираа од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.