ПЦИ е нов инструмент кој ММФ го има воведено во 2017 година со цел давање на подршка на земјите како што е Србија, за кои е корисна рамката предвидена со програмот на ММФ, но за кои не е потребна финансиска подршка на оваа финансиска институција.
Србија се залага за решавање на сите билатерални спорови во регионот, а со цел да се развиваат добро соседските односи, истакна српската амбасадорка во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, на прашањето кој е ставот на Белград за договорот меѓу премиерите на Македонија и Грција за решавање на спорот со името.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос во интервјуто се осврна на придобивките за Грција од постигнатиот договор, во однос на ерга омнес името, уставната ревизија и отстранувањето на иредентизмот.
Постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партија Љуљзим Баша, оценувајќи го како повеќе од значаен.
Постигнатиот договор, кој некои во Грција го нарекуваат историски, други проблематичен, од вчера попладне е главна тема во медиумите кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, кој го оцени како „охрабрувачки модел“ за соседните народи, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Дистрибуторите на горива во Муслиманско-хрватската федерација во Босна постигнаа договор со регионалната Влада за намалување на цените на горивата. Тоа се случува откако возачи во неколку наврати ги блокираа патишта во знак на протест поради високите цени.
Интервенција од грчкиот претседател, за договорот, пред да биде потпишан да биде донесен во парламентот, побара лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис од Прокопис Павлопулос на нивната денешна 30 минутна средба.
До крајот на 2018-та ќе треба да се заврши со сите предвидени обврски и чекори од македонска страна и ратификацијата во грчкиот парламент и македонското собрание, а со тоа и официјално стапување во сила на договорот меѓу двете земји, коментираат грчки владини извори.
Хаџиу, која во име на 30 пратеници на Собранието на Косово го поднесе во Уставен суд барањето за испитување на законитоста на одлуката на Харадинај, за весникот „Зери“ изјави дека одлуката на судот претставува злоупотреба на јавните пари.