Албанскиот премиер Еди Рама е меѓу десетте лидери во светот кои најмногу користат Фејсбук.
Нема да запреме додека не создадеме сосема слободна и безбедна средина за новинарите, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај по повод одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите.
Во Солун вечерва почнува третата квадриталерална средба на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, на која високи претставници на четирите земји ќе разговараат за начините за зајакнување на соработката во насока на интегрирање во Европската унија.
Според податоците на новинарски здруженија во Србија, минатата година се регистрирани 92 напади врз новинари, а во првите четири месеци од годинава 30, од кои два физички напади, шест вербални закани и 22 случаи на притисок, соопшти денеска српскиот омбудсман Зоран Пашалиќ.
Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој.
САД во целост ги поддржуваат регионалните иницијативи за Западниот Балкан, изјави американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Според неименувани извори од Владата на Хрватска, на состанокот е одлучено и да не се повлекува хрватскиот амбасадор од Белград.
Косовските емигранти лани на своите семејства во Косово им испратиле 759,2 милиони евра, што е за 68,2 милиони евра повеќе во однос на 2016 година, кога таа сума изнесувала 691 милиони евра.
Не може со мејлови да се води производство. Од директорската позиција на „Апатинска пивара“ заминав кога дојдов во ситуација да морам да одговарам на 150 мејлови, вели во интервју за „Новости“ поранешниот директор на „Апатинска пивара“.
Мислам дека начинот на кој владата, премиерот и министерот за надворешни работи го водат прашањето на секаков начин го гарантира интересот на земјата, смета министерот за поморство на Грција, Панајотис Курублис.