Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос, смета дека нема да се постигне решение на проблемот со името.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас синоќа на неформален состанок на Владата во Атина ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот што ќе им биде доставен на властите во Скопје.
Идејата за отворање на грчкиот Устав, која ја изнесе премиерот Зоран Заев ја разбранува грчката јавност, предизвика негативни коментари, но ја отвори и опцијата за постигнување меѓународен надуставен договор.
Главниот македонски адут во деценискиот спор со името – меѓународната пресуда во корист на Македонија и прекршувањето на Времената спогодба од 1995, сега трн во око за Грција.
Промена на Уставот сега, а не во далечна иднина, отстранување на иредентизмот и сложено име со географска одредница, ерга омнес се позициите на Комунистичката партија на Грција (ККЕ), во прашањето за името.
Вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев во која препорача да се отвори и грчкиот устав „за се види како Грција води грижа за Грците надвор од земјата“, за грчките медиуми претставува провокација.
Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија Скај.
За преговорите за името, меѓу другото, разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во телефонски разговор.
Перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат поради несериозната влада на Ципрас, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави дека уставното име на Македонија треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес.