Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Мицотакис, во интервју за „Политико.еу“, вели дека Грција треба да прифати договор само ако Скопје го промени Уставот и ги отфрли иредентистичките тврдења.
Ставовите на Реџеп Тајип Ердоган и на Ѓорге Иванов, не останаа незабележани од онлајн-изданијата на медиумите во Грција, но без дополнителни новинарски коментари и анализи.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас за последните случувања во разговорите за името.
Албанскиот премиер Еди Рама по лавината реакции и осуди околу неговата изјава за заеднички претседател на Албанија и Косово, се обиде да се оправда дека тоа била само негова мечта и оти е извадена од контекст.
Решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Боакојани, во интервју за телевизија „Скај“, јавува дописникот на МИА од Атина.
Косово нема потреба од лекции од никого, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите била прашањето за името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.
„Ако Грција, навистина не го покренува прашањето со државјанството, тогаш веројатно преговорите се понапреднати од тоа што се проценуваше и имаат за цел изнаоѓање заемно прифатливо име. Во сценаријата што се слушаат е географската одредница, најверојатно „Горна Македонија“, пишува „Та неа“.
-Од трите варијанти Северна, Горна или Вардаска Македонија изгледа властите во Софија би сакале решението да биде Вардарска Македонија бидејќи тоа е поблиску до денешната слободна, независна и суверена Македонија – изјави Филипов за емисијата „Фактор магазин“ на ТВ24.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама и оцени дека ЕУ и западните земји ја „ставаат главата во песок“ пред, како што рече, големоалбанската политика.