Елиминирање на иредентизмот, име прифатено од Грците, име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав се точките што одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија ги споменува како неопходни за решение на името.
Никос Коѕијас вели дека македонската страна е запознаена со идејата, меѓутоа содржината ја разработува Атина, додека пак за временскиот рок, кусо коментира „што е можно побргу“. За нацрт спогодбата, пак, вели дека го известил и медијаторот Нимиц.
Средбите во Атина, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името Метју Нимиц, ги започна со разговор со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
Познатиот грчки експерт за Балканот, Ставрос Ѕимас, во авторски текст во весникот „Катимерини“ пишува за можноста од домино ефект во регионот доколку не успеат преговорите за името на Македонија и изразува стравување од можна поделба на Македонија.
Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, пред денешните средби на медијаторот Метју Нимиц во Атина, изјави дека е оптимист оти ќе биде направен прогрес во преговорите за решавање на прашањето за името на Македонија.
Според него, преговорите ќе траат долго, потребно е да се направат уставни промени „поради иредентистичките позиции“, а неговата партија не отстапува од позицијата во името да не биде вклучен терминот Македонија.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, ќе значат продолжување на процесот на евроатланска интеграција за Македонија, и оти Тирана внимателно ги следи преговорите меѓу двете земји.
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре ќе оствари средби и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
– Не постои таква вест, жал ми е, кусо коментираше Каменос, пред почетокот на состанокот на парламентарната група и на извршниот комитет на Независни Грци.
Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис ја прифатил поканата на организаторите да биде дел од протестот во Атина за „Македонија“ и доколку не може да биде присутен, тогаш со снимена порака ќе ги поздрави присутните.