Особено важна и клучна е средбата во Давос, а разговорите за името се пренесуваат на највисоко ниво, ова се најчестите коментари во грчките медиуми во пресрет на средбата на двајцата премиери.
Тој вели дека прашањето за името е меѓу Скопје и Атина, а Бугарија не може да има улога на медијатор, но дека Бугарија сепак може да помогне во тој процес и исто така дека е оптимист оти Македонија и Грција ќе најдат решение на проблемот.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, спорот со името и европската перспектива на Западен Балкан, Веселин Иванов ги повтори како дел од високите приоритети на претседавањето на Бугарија со ЕУ.
Протестот под мотото „Македонија е грчка“ против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот за името што требаше да се одржи во Атина на 4 февруари ќе се одржи во Пиреја, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Тој за грчката агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА, посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот.
Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања на ЕУ, Никос Коѕијас, јавува дописникот на МИА од Атина, ги коментира и последните случувања во македонско–грчките односи, но и вчерашните демонстрации во Солун.
Ставрос Теодоракис, претседателот на грчката либерална и социјал-демократска партија „Потами“ по протестите во Грција на својата Фејсбук страница ги осуди и кажа дека Македонија можела да биде верен сојузник.
На средбата Заев – Ципрас во Давос, очекуваме да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, објави МИА.
Грција, по обновување на преговорите со Македонија за решавање на спорот со името, во декември минатата година се соочува со огромни внатрешни политички контрадикторности во однос на ова прашање, објавува грчкото издание „Документо“.
По завршувањето на протестот во Солун на социјалните мрежи се појави слика во која се гледа како во камион за собирање на смет се фрлени голем број на грчки знамиња.