Преговорите за членство на Македонија во НАТО значително се забрзани и се очекува да бидат завршени за три до четири месеци, во текот на оваа есен, тврди руската агенција „Спутник“, повикувајќи се на европски дипломатски извор.
Бугарија нема намера да води нови преговори за текстот на договорот за добрососедство со Македонија, изјави вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, додавајќи дека текстот е финализиран.
Потпретседателот на хрватската Влада и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ изјави за „Јутарњи лист“ дека „цврсто стои зад оставката“ и оти „не дозволува некој да зборува против војската која сјајно ја завршила својата работа“ во акциите за гаснењето на пожарот во Хрватска.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изврши реконструкција на неговиот владин Кабинет, јави телевизијата НТВ.
Јапонија отвори своја амбасада во Тирана, а на свеченоста присуствуваше Нобуо Киши од државното Министерство за надворешни работи на Јапонија.
Паднатите поројни дождови разурнале патишта и инфраструктура, а на оделни места предизвикале и свлечишта.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот потпретседател, Мајкл Пенс, на синоќешната средба во Вашингтон ја изразиле желбата за продлабочување на партнерството меѓу своите земји, јавија белградските весници.
Преку 350 луѓе се уапсени денска во Србија во акција на полицијата наречена „Арес“, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Во Хрватска денеска на сила стапи закон за субвенционирање станбени кредити со кој е предвидено државата 4 години да плаќа половина од ратата за кредит на млади брачни парови за купување прв стан или куќа.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во понеделник во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.