Се направија некои чекори за приближување, имаше и знаци на разбирање и добра волја, рече грчкиот премиер на средбата со претседателот на Грција, во однос на развојот на настаните во македонско-грчките односи.
Создавањето заеднички пазар на Западниот Балкан не претставува „Југославија плус Албанија“, туку можност за двојно повеќе странски инвестиции, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како пример за подобрување на односите меѓу земјите од регионот Борисов го посочи Договорот за пријателство и добросоедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан лани во август.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на одделни состаноци, ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања во прашањето со името.
Новиот протест за „одбрана на името Македонија“ официјално е закажан за 4 февруари во 14 часот на плоштадот Синтагма во Атина, соопштија на прес-конференција организациите и здруженијата кои го организираат протестот.
Помалиот коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од позицијата во името да не биде вклучен терминот Македонија. И по средбата во Давос на премиерите на двете земји, се чини дека Независни Грци не го променија ставот.
Здружението на свештеници на Грција, по одржан состанок, одлучи да учествуваат на протестот во Атина за „одбрана на името Македонија“, кусо пред вонредниот состанок на Светиот Синод на ГПЦ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше во Давос со претседателот на Косово, Хашим Тачи при што биле разменети информации за убиството на Оливер Ивановиќ.
Со осум гласа „против“ и три „за“, Општинскиот совет на Атина го отфрли барањето на пратеникот на Златна зора, Илијас Касидијарис за издавање резолуција за поддршка на протестот во Атина.
Со преименувањата на скопскиот меѓународен аеродром и главниот автопат во земјата се прави првиот чекор, односно во практика се применуваат изјавите за добра намера и волја за справување со иредентизмот.