На преминот „Кулата“, кој е најголем на границата меѓу Бугарија и Грција, создадени се километарски колони од возила поради апсење на речиси цела смена бугарски цариници.
Жителите на Загреб веројатно оваа есен ќе одлучуваат на референдум дали во хрватскиот главен град ќе го имаат или не Плоштадот Маршал Тито.
Во новиот состав на косовскиот законодавен дом, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди партијата „Единствена горанска партија“.
Според прелиминарните резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово, во новиот собраниски состав најголем број пратеници – 39 ќе има коалицијата ПАН.
Рамуш Харадинај вечерва прогласи победа на коалицијата на Демократска партија на Косово, на предвремените парламентарни избори.
Во Косово денеска се одржуваат избори, една година пред редовниот рок на кој граѓаните ќе изберат претставници во 120-члениот парламент.
Три лица загинаа денеска при уривање на бугарски воен хеликоптер во водите на Црното Море во близината на Варна.
Словенечката Влада денеска реши да ја замрзне постапката за продажба на државната „Нова Љубљанска Банка“ (НЛБ).
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така, најави дека Македонија и Босна и херцеговина може да бидат примени во НАТО доколку ги спроведат потребните реформи.
Црна Гора и формално стана членка на НАТО откако делегација предводена од премиерот Душко Марковиќ предаде инструменти за ратификација на Северноатлантскиот договор на потсекретарот Томас Шенон.