Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој е и лидер на АНЕЛ, главниот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, денеска го повтори својот став дека се противи на решение на спорот за името кое ќе го содржи зборот Македонија.
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати.
Активистите на невладини организации, поддржани и од граѓани, денеска на оградата пред зградата на Владата во Приштина закачија стотици вратоврски и кошули во знак на протест поради зголемувањето на платата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТВ Пинк изјави дека Србија ќе побара во преговорите со Приштина-која инсистира на учеството на САД, да се вклучи и Русија која не ја признава независноста на Косово.
Властите на бугарскиот главен град Софија ќе го забранат возењето со коњски коли по градските улици во пресрет на бугарското претседавање со Европската унија.
Претседателот на Албанија, Илир Мета, во писмо испратено до претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази жалење за гласањето за резолуцијата во ОН со која се прогласува за неважечка одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
– Дали ќе бидам претседател во 2025? Нема. Ќе се повлечам 99 отсто… Мојата идеја е да ја завршам работата во оваа канцеларија во следните четири и пол години и толку, изјави Вучиќ и додаде дека нема намера да се враќа на премиерската функција.
Грчката Влада најпрво мора да се консолидира, да излезе со единствен став за можното решение за прашање за името, а тоа ќе биде само почеток, бидејќи Нова демократија дури тогаш ќе почне да прави проценка и доколку оцени дека ставот не е добар, секако постои можност да го отфрли.
Владата на премиерот Алексис Ципрас покажа голем оптимизам и подготвеност да се најде заеднички прифатливо решение и сето тоа преку интензивираните дипломатски активности на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, пренесува МИА.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифати сложено име со географска одредница за спорот за името.