„Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен за да не знае дека концептот на Голема Албанија не е комплетен без Скопје“.
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, потврди дека Албанија ја поддржала платформата на политичките партии на Албанците во Македонија.
Грчката влада и кредиторите успеаја да постигнат договор за новите грчки обврски и мерки за да може државата да добие зелено светло за исплаќање на новата рата од кредитот за Грција.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов настојува за наоѓање на политичко решение за ситуацијата во Македонија, изразувајќи загриженост поради случувањата во соседната земја.
Вучиќ истакна дека, „ова веќе не е само македонски проблем, туку станува проблем и на сите нас кои живееме тука и најдобро е веднаш да ги прекинеме сите проблеми и да обезбедиме мир и стабилност за нашите деца“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи напиша на Фејсбук дека Охридскиот договор е вистинска рамка за обезбедување демократско функционирање на Македонија, пренесува Танјуг.
– Ситуацијата не е добра. Србија ќе помогне колку што може, но ние можеме само да апелираме за мир и за смирување на ситуацијата зашто без тоа, ќе биде загрозена стабилноста на регионот – рече Дачиќ за РТС.
Мета му дал целосна поддршка на Џафери во работата на македонскиот Парламент за стабилност и демократија.
Според бугарскиот Парламент, агресијата кон народните претставници е недозволива, како и врз институцијата парламент и демократијата. Насилството не може да биде средство за решавање на политички спорови.
Хрватската европратеничка Маријана Петир во изјава за МИА го осуди насилството до кое дојде синоќа во Парламентот, но истакна и дека не поддржува политичко насилство кое резултирало во физичко насилство.