Грчкиот Уставен суд денеска донесе одлука за ослободување од притвор на еден од осумтемина турски војници, кои пребегаа во Грција по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули 2016 година.
Европската Комисија се уште не е во можност да соопшти дали шпанскиот премиер Мариано Рахој, ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија на 17 мај.
Косовската Влада денеска усвои Платформа за политичкиот дијалог со Белград и ја достави на одобрување до Собранието на Косово.
Најголемата грчка опозициска партија, конзервативната Нова демократија (НД), според истражувањата на јавното мислење, и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција, но нејзината предност пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) се намалува.
Анкетата на ALCO за News247, била спроведена од 11 до 16 април, преку телефонски интервјуа, а биле вклучени 1000 испитаници.
Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување.
Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, најави српското Министерство за заштита на животната средина.
И покрај дипломатските тензии меѓу Србија и Косово, бизнис врските меѓу двете држави се засилуваат, а компании од двете страни се натпреваруваа да склучат зделки на регионален трговски саем, јавија западни медиуми.
Од Хрватската Влада информираа дека по телефонскиот разговорот на премиерот Андреј Пленковиќ со претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ, одлучено е хрватската делагација да ја прекине посетата на Србија.
Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“.