Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на турнирот во кинески Шангај, откако попладнево го совлада Американецот Џон Изнер во третото коло
Одбојкарите на Бразил беа поуспешни од САД во дерби дуелот од седмата рунда на Светскиот куп кој се игра во Јапонија
Со свечената церемонија на доделувањата на медалите на најдобрите во конкуренција на тимови заврши вториот ден од пинг-понгарскиот ИТТФ турнир во Скопје.
Новата ѕвезда на Ферари, Шарл Леклар признава дека ќе биде тешко да се врати на „Сузука“, каде што почина пилотот Жил Бјанки во 2014 година.
Макс Верстапен изјави дека не брза да го обнови договорот со Ред Бул затоа што сака да почека и да ги разјасни перспективите на тимот, Хонда и Формула 1 како целина. Холанѓанецот потпиша до крајот на 2020 година, но сака да се осигура дека може да учествува во борбата за титулата – нешто што не се случило во неговата петгодишна кариера.
Во Скопје во тек е ИТТФ челенџ турнир во пинг понг за кадети и јуниори. По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција на која свои излагања имаа директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на Пинг Понг федерацијата Горан Тиловски, како и претседателот на светската пинг-понг федерација Томас Вајкарт
Одбојкарите на Бразил утрово ја совладаа Аргентина со 3-0, по сетови 25:19, 25:19 и 26:24 и го задржаа максималниот ефект на Светскиот куп кој се игра во Јапонија
Осумнаесет национални федерации од олимписки спортови, голем број федерации од неолимписки спортови, како и олимпијци, врвни спортисти и спортски работници ја поддржуваат иницијативата за одржување Вонредно собрание за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет
Швајцарецот Роџер Федерер го совлада шпанскиот тенисер Алберт Рамос Вињолас со 6:1, 7:6, и се пласираше во третото коло на Мастерс 1000 турнирот во Шангај.
Освојувачот на Премиер лигата во карате во Москва, Русија, Емил Павлов денеска оствари средба со штипскиот градоначалник, Благој Бочварски. На приемот присуствуваа и и претседателот на Комисија за спорт, Елмир Мандак и еден од тренерите на Павлов, Жарко Арсовски