Дејан и Венцислав Недеви учествуваа на неколку состаноци на Европската недела на спортот во Брисел, како официјални претставници на Европската и Македонската традиционална карате федерација.
Пилотот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, е казнет со 10 секунди на трката за ГН на Сингапур. Десетте секунди беа додадени на резултатот на возачот, но тој успеа да ја задржи десеттата позиција на која ја заврши трката
Репрезентацијата на Италија избори учество во четвртфиналето на Европското првенство во одбојка, откако вечева со максимални 3-0, по сетови 25:22, 25:18 и 25:21 ја совлада селекцијата на Турција.
Еден-два победа за Ферари на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Сингапур. Првото место го освои Себастијан Фетел, додека неговиот клупски колега Шарл Леклер го освои второто место со што ја потврди денешната доминација на „црвените“ болиди
Русија може да биде отстранета од Олимписките игри во 2020 година заради манипулации со податоци од московската лабораторија, пренесува британски „Телеграф“
Првата турнирска носителка Наоми Осака го освои трофејот во јапонскиот град Осака
Познати се три четврфиналнаи пара на евро-шампионатот во одбојка во машка конкуренција. Досега влез помеѓу најдобрите осум обезбедија: Германија, Русија, Србија, Франција, Полска, Украина и Словенија
Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо, кој го освои осмото место во квалификациите за Гран-при во Сингапур, е исклучен од протоколот на трката, информира веб-страницата на ФИА
АКК Кастм Кар Рејсинг и Рено Спорт ве известуваат за немилиот настан што се случи попладнево, во квалификациите за третата трка од тековната сезона од календарот на кружни патеки
Пилотот на Ферари Шарл Леклер беше најбрз на денешните квалификации за Гран-прито во Сингапур. Второто место го зазеде Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес