Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на две победи од освојувањето на 100-тата титула во кариерата, откако триумфираше над Унгарецот Матон Фучович со 7:6 (8), 6:4 во полуфиналето на турнирот во Дубаи.
Шарл Леклер го постигна најбрзото време на претпоследниот ден од тестовите во Барселона, потврдувајќи ги силните перфермонси на Ферари. Леклер го забележал своето достигнување за време на утринската сесија, но до крајот на денот никој не можеше да го подобри. Младиот французин направи 139 круга.
Стина Нилсон го преживеа нападот на норвешката скијачка Тереза Јохауг и донесе на Шведска прва светската титула во историјата во штафетата на 4 х 5 километри за жени во крос-кантри скијање на Светското првенство во Зефелд (Австрија).
Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро го откажа учеството на турнирот во Индијан Велс, САД, каде требаше да го брани трофејот освоен минатата година.
Карлос Сајнц и Мекларен го забележаа најбрзото време на денешниот тест во утринските часови и никој не го подобри времето до крајот на сесијата. Ферари го пропушти поголемиот дел од попладневното тестирање поради утринскиот инцидент на Себастијан Фетел.
Роџер Федерер изгуби сет во втор дуел по ред на турнирот во Дубаи, но се квалификуваше за четвртфиналето. 37-годишниот Швајцарец ја задржа својата совршена статистика против Фернандо Вердаско, победувајќи го во седми последователен натпревар. Рекордерот по освоени Гранд-слем титули победи со 6:3, 3:6, 6:3.
Австриските и германските власти денеска на СП во нордиско скијање во Зефелд, спроведоа координирана акција против меѓународна допинг мрежа.
Очекуваниот со интерес боксерски натпревар во тешка категорија меѓу светскиот шампион во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер (САД) и поранешниот светски шампион Тајсон Фјури (Велика Британија) се одложува за по натпреварот на Англичанецот против уште непознат ривал, соопштија од Светскиот боксерски совет.
Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо ќе биде амбасадор на Мекларен и тој ќе учествува на претсезонските тестови, објави Формула 1 тимот од Англија.
Џуди Мареј, мајката на познатиот британски тенисер Енди Мареј, верува дека нејзиниот син може да се врати на професионалниот тенис по операцијата на зглобот на колкот.