Граѓаните на канадскиот град Калгари преку референдумот ја отфрлија кандидатура за организација на Зимски олимписки игри во 2026 година. Повеќе од 300.000 жители гласаа на референдумот, а 56 отсто од нив беа против кандидатурата.
Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер ја забележа првата победа на Мастерсот во Лондон. Тој синоќа беше поуспешен од Австриецот Доминик Тим со што ги задржа шансите за полуфинале.
Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон е на чекор од полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон во групата „Лејтон Хјуит“, откако во второто коло го декласираше Кеј Нишикори.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го почна последниот Мастерс турнир за оваа сезона. Србинот синоќа го совлада Џон Изнер од САД со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
Во натпреварот од првиот круг од групата „Густаво Куертен“, Зверев триумфираше по два тајбрејка (7:6 (5), 7:6 (1) над хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, во натпревар кој траеше два часа и девет минути.
Себастијан Фетел изјави дека немало проблеми да го пушти Кими Раиконен пред себе за време на Гран При на Бразил, откако доби наредба од тимот да го направи тоа.
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори направи големо изненадување на Мастерсот во Лондон со победата над Роџер Федерер во 1.коло од групата Лејтон Хјуит.
Пилотот на „Ред Бул“ Макс Ферстапен го нападна колегата од „Форс Индија“ Естбан Оконон по трката за Големата награда на Бразил и доби казна два дена добротворна работа за ФИА.
Јужноафриканецот Кевин Андерсон го имаше своето деби на финалниот турнир на АТП во Лондон со награден фонд од 8,5 милиони долари.
Светскиот шампион во полутешка категорија Александар Усик (16-0, 12 KO) го нокаутираше во крајот на осмата рунда Британецот Тони Белју (30-3-1, 20 KO).