Американската тенисерка Серена Вилијамс со убедлива победа од 2:0 во сетови ја совлада бугарската тенисерка Викторија Томова и се пласираше во третото коло на Вимблдон.
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер рутински го совлада Словакот Лукас Лацко и се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон.
Легендарниот американски тенисер Андре Агаси може повторно да биде дел од тренерскиот тим на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. 48-годишниот Американец смета дека има уште работи кои може да им ги пренесе на модерните спортисти.
Спортскиот директор на Мекларен, Ерик Булие си поднесе оставка по слабите резултати на тимот оваа сезона во Формула 1.
Луис Хамилтон и Валтери Ботас и следнаат сезона ќе возат за Формула 1 тимот на Мерцедес, објави директорот на германскиот тим Ники Лауда.
Двократната шампионка Петра Квитова (Чешка) беше елиминиран во првиот круг на „Вимблдон“. Квитова загуби од Александра Саснович (Белорусија) со 4:6, 6,4, 0:6 за два часа и четиринаесет минути поминати на теренот
Петтиот носител на овогодинешното издание на „Вимблдон“, Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) се пласираше во вториот круг на Гренд-Слем турнирот во Лондон. Полуфиналистот од 2013 година го надигра Петер Гојовчик (Германија) со 6:3, 6:4, 6:3 за речиси два часа игра.
Мерцедес нема да отпуштат никого по грешката во стратегијата за време на болната за нив Гран При на Австрија, која ги лиши од првото место кај пилотите во Формула 1.
Актуелниот шампион на Вимблдон, Роже Федерер, одбраната на титулата ја започна со убедлива победа од 3:0 во сетови против српскиот тенисер Душан Лајовиќ.
Меѓународниот велосипедски сојуз го затвори случајот што го водеше против британскиот велосипедист Крис Фрум за наводен допинг. Истрагата против четирикратниот победник на „Тур де Франс“ беше покрената минатиот септември, односно по трката околу Шпанија.