Нетфликс годинава нема да учествува на Канскиот фестивал, изјави извршниот директор на компанијата Тед Сарандос во интервју за „Вараети“.
Претходно се ширеа гласини дека во новиот филм за агентот 007 ќе биде заменет од Том Харди или Џејмс Нортон, бидејќи Крег бил незадоволен од успехот на „Спектра“.
Филмот „Бикини Мун“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски од денеска ќе се најде на репертоарите на српските киносали. Градовите во кои ќе се почне со кинодистрибуција се: Белград, Нови Сад и Крушевац.
На филмскиот фестивал во Кан годинава нема да има новинарски проекции пред свечените премиери, а ќе биде забрането и правење селфи на црвениот тепих, изјави уметничкиот директор на Канскиот фестивал, Тјери Фремо.
Македонскиот филм „Исцелител“ е избран во официјална конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Кливленд, САД. Филмот ќе се прикажува во програмата во чиј фокус се филмови од Централна и Источна Европа.
„Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски освои Гран-при награда за најдобар интернационален краткометражен игран филм на 65. Мартовски - Белградски фестивал на документарен и краток филм.
Долго време се шпекулираше дали Том Харди ќе го глуми најпознатиот американски гангстер во историјата - Ал Капоне. По потврдата на самиот глумец, вчера на својот Инстаграм профил тој објави и фотографија од снимањето.
Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот скопска премиера ќе има петтиот игран филм на Милчо Манчевски - американскиот „Бикини Мун“ кој македонскиот режисер во целост го сними во Њујорк со меѓународна екипа.
Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија.
Македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески денеска ќе биде прикажан на 9-тиот меѓународен филмски фестивал во Рим, „Франкофилм“.