„Спајдермен: Враќање дома“ најновиот филм со еден од Марвеловите јунаци, на чии визуелни ефекти работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, од вчера почна да се прикажува во Скопје.
Во Струмица започнува 13. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава се одржува под мотото „Меѓу фактот и фикцијата“.
Македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Ослободување на Скопје” на Раде и Данило Шербеџија се прикажа на филмскиот фестивал во Шангај во рамките на програмата „Панорама”.
Годинешниот мегахит „Убавицата и ѕверот“ го освои светот со својата нова верзија на класичниот анимиран филм. А, сега, ни доаѓа и свежа играна верзија на Аладин, но кој ќе биде негативецот?
Еден од основачите и сопствениците на ФХ3Х Кристијан Даниловски изјави дека на овој проект работеле околу 120 артисти во периодот од октомври минатата година до мај годинава.
Новиот суперхеројски филм Wonder Woman од утре (четврток) ќе се прикажува во скопските кина Cineplexx и „Милениум“. Главните улоги ги толкуваат Гал Гадот, Крис Пајн и Робин Рајт, а режијата е на Пети Џенкинс.
Шестото издание на меѓународниот филмски фестивал „Watch out“ од денеска до петок ќе се одржува во Тетово.
Документарниот филм „Езеро од Јаболка“ ја доби престижната награда „Персеј“ на филмскиот фестивал Т-Филм во Острава, Чешка, во конкуренција на 48 документарни филмови од целиот свет.
Филмскиот и тетарски актер Кевин Спејси оваа година ќе биде домаќин на 70-то свечено доделување на театарските Оскари, наградата Тони.
Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно ќе биде прикажан утревечер во рамки на Скопскиот филмски фестивал, со почеток во 20.30 часот во киното „Милениум“.