Пред платото во ТЦ Лептокарија синоќа се одржа втората вечер од Карпошовото културно лето која беше наменета за најмладите.
Советот на општина Гази Баба едногласно го изгласа ребалансот на буџетот, кој е зголемен за нови 65.575.000 денари, кои ќе се искористат во реализација на нови капитални проекти.
Интегрален текст од фејсбук објава на членот на О2 Коалиција Лазар Ѓуров
На последната владина седница беше одлучено да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно, а Сергеј Дамовски на неговиот фејсбук профил објави фотографии и видеа на кои се гледа дека сечата е стигната до сртот кај Бел Камен.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска оствари средба со претставници од Американскиот совет на млади политички лидери кои се во неколкудневна посета на Република Македонија.
Со програма за најмладите, односно со настапот на гласовите на Златните славејчиња, вечер од 19:30 часот, на платото на ТЦ Лептокарија, почнува 11-тото по ред „Карпошово културно лето“.
Во првите шест месеци од 2018 година автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ превезле 22,6 милиони патници. Најголемиот дел од нив се возеле во март, а најмалку во јануари. На градските улици секојдневно сообраќале 277 возила на ЈСП „Скопје“, а 206 на приватните превозници.
Ваучери за новородено дете денеска им беа доделени на 84 семејства кои живеат во општина Кисела Вода. Тие добија еднократна парична помош во висина од 6.000 денари.
Активисти од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, велат дека се за гасовод во Скопје, но не на Водно.
Жичницата на Водно на иницијатива на граѓани на 28 месецов (вторник) кога е неработен ден поради верскиот празник „Голема Богородица“ ќе работи со вообичаено работно време иако е последен вторник во месецот кога се врши редовен сервис на објектот. Редовниот сервис ќе се изврши на 29 август (среда) и тогаш Жичницата нема да работи.