Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје го чистат коритото на Вардар, согласно со Програмата за негово одржување како и на притоките на Вардар - реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2018 година.
Општина Аеродром деновиве спроведе еколошка акција за расчистување на кабастиот отпад кој граѓаните несоодветно го оставиле на јавна површина.
Град Скопје соопшти дека се вклучил како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Да се тргне целокупната градежна механизација од сртот на Водно додека не се реши проблемот и Владата да излезе со официјален став за проектот, побараа на денешната прес-конференција пред Град Скопје од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
По триесет години од последната работна акција во Македонија, во главниот град деновиве се спроведува седумдневна работна акција „Скопје на нашите дланки 1963-2018“, во организација на Здружението на граѓани „Акцијаши“ од Скопје со поддршка на општина Гази Баба.
Дождливото и облачното време не дозволија идеални услови за жителите на Скопје да ужуваат во набљудувањето на „крвавата месечина“ што синоќа траеше 1 час и 43 минути, додека луѓето од целиот свет го гледаа најдолгото затемнување на Месечината во овој век.
На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Со пригодна свеченост општина Илинден го одбележа својот патронен празник - 2 Август. Нашата музичка легенда Влатко Стефановски беше специјален гостин на вечерта, а присутните уживаа во неговите изведби и ги пееја „Чукни во дрво“, „Као какао“ „Скопје“...
Од претстојниов викенд автобусот на ЈСП Скопје со број 25 што сообраќа од Транспортен центар до средно Водно место во 8:00 часот ќе тргнува во 7:30 часот, на барање на планинарите и поради летните температури.
Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности. Ова го констатира Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења.