Во присуство на над 50 продавачи, информираат од Градот, се разговараше за планот и претстојните активности на Град Скопје за уредување на пазарот и за урбанизирање на јавните површини по должината на булеварот „Крсте Мисирков“.
На скопскиот аеродром е поставен натписот со новото име Меѓународен аеродром - Скопје. Буквите се со ист фонт како и поранешниот натпис на аеродромот кој до скоро се викаше „Александар Велики“.
Родителите на секое новородено дете во Скопје од сега ќе можат да засадат дрво во некои од градските паркови, скверови, дрвореди... На дрвото ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање. Со оваа акција ќе се придонесе за зголемувањето на зеленилото во градот Скопје.
Над 1.700 жени денеска учествуваа на Авицена Женската трка што ја организираше Сојузот на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје и со поддршка од Агенцијата за млади и спорт.
Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април - Денот на шегата ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
На пет минути пред слетување на скопскиот аеродром откажал мотор на авион на „Визер“ кој летал на релација Базел - Скопје ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 00:15 часот, но слетал безбедно, потврдија за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и од М-НАВ.
Заостанат долг за вода по основ на тужени и редовни сметки ќе може од 2 април до 15 мај да се плаќа на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Група граѓани од Скопје „ И саем е Скопје“ преку отворено писмо бара да се запре уривањето на Скопскиот саем и да не се дозволи да се изградат трговски центар и станбени згради.
Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска почнуваат со реконструкција на зелените површини во стариот дел на Градскиот парк.
Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“ и Град Скопје организираат априлијада под мотото „Скопје се смее“. Манифестацијата ќе се одржи во недела, на плоштадот „Македонија“, а се најавува како голема детска журка.