Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите со број 69 и 69а.
На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од 5 фотографии по учесник на тема „Стари автентични скопски фасади“.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска, во рамки на работната посета на Виена, имаше средби со градоначалникот и претседател на покраината Виена Михаел Хојпл, како и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку.
Според условите на конкурсот, Градот Скопје ќе избира и најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина).
На 21 март 2018 год. ќе го започне одбележувањето на “Европскиот ден на уметничка креативност“, како дел од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), во кој од 2017 год.
Енормниот проблем со загадувањето кој навеќе ги мачи скопјани, се уште не е решен, освен проблемите со пм 10 честичките, не се решени ни проблемите со депониите, дополнителни канализациски одводи, дивоградбите и сл.
Сообраќајниот метеж на улицата „Бутелска“, која е единствената опција за поврзување на жителите на Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен, Чучер-Сандево и многу други населени места со централниот дел од Скопје, ќе трае до 15 април.
Општина Центар подготвува заедничка акција со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, за ставање ред во поставувањето урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија, најавуваат од општината.
Во Скопје денеска ќе почне Првата стратешка меѓународна конференција за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан (РИКО) во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Советот на град Скопје на денешната осма седница ги усвои годишните сметки за 2017 година за јавните претрпијатија „Водовод и канализација“, „Градски паркинг“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“ и ЈСП Скопје.