Советот на Град Скопје на денешната осма седница ја усвои одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје.
Советот на Град Скопје на денешната осма седница ги усвои одлуките со кои се дава согласнот на планот за вработување на Град Скопје за 2018 и 2019 година.
Акција за отстранување на сите непрописно паркирани возила во Дебар Маало и Градски парк, денеска е спроведена од страна на ЈП ПОЦ, ЈП „Градски паркинг“, СВР Скопје и комуналните инспектори на општина Центар.
Развојните визии на новата градска администрација и искуствата кои главниот град на Франција може да му ги пренесе на Скопје беа тема на разговор на денешната средба во Париз меѓу заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, задолжен за јавниот сообраќај во градот и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Од град Скопје информираа дека оваа пролет ќе организираат акција за чистење на јавните површини и за миење на градските улици. Акцијата ќе ја спроведат јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, а се повикуваат и граѓаните да се вклучат во оваа акција и да придонесат за почисто Скопје.
Од 19 март ќе започне да функционира новиот филтер на депонијата “Дрисла”, а одредена е локација за изградба на регионална депонија во Североисточниот регион, истакна заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.
Забраната за движење моторни возила на Водно засега останува во сила. Понатаму ќе соопштиме дали и какви мерки понатаму ќе преземе Град Скопје. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) Петре Шилегов.
Пред Врховниот суд во Скопје денеска се урива постаментот на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Јанев-Ќосето, а кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито.
Црвениот Крст на Македонија - ОО Кисела Вода ги поканува граѓаните да ја покажат својата хуманост преку гостувањe на овоj хуманитарен концерт организиран од страна на волонтерите во Црвениот Крст со цел да му се помогне на семејството Христови.
Концептот „паметен град“ и како тој може да ги подобри условите за живеење во урбаните центри преку комбинирање на економскиот и оджливиот развој на животната средина, беше тема на првата национална конференција за паметни градови во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје.