Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење коледарски огнови на отворено пред Бадник. Тој поддршка доби и од градоначалниците на сите скопски општини.
Градските власти апелираат до жителите во Скопје да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.
Градоначалникот Петре Шилегов денеска ја отвори постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ во целосно реновираната прва партизанска оружарница во Скопје во Меморијалниот музеј сместен на левиот брег на реката Вардар, на кеј „Димитар Влахов“.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека ќе го поддржи денешниот протестен собир „Протест за чист воздух“, најавен на социјалните мрежи. Собирот ќе се одржи попладнево пред Град Скопје.
За три месеци, Инспекторатот за животна средина извршил 15 вонредни надзори. Според нив, само „Дрисла“ е виновник за отровниот воздух во Скопје.
Ветерот што од синоќа почна да дува во скопската котлина го расчисти загадениот воздух. Од ноќеска по 22 часот според мерењата, концентрацијата на ПМ10 честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.
Во изминативе два дена воздухот во главниот град беше загаден, а највисоки вредности на ПМ10 честички беа измерени во Лисиче – 629 микограми на метар кубен.
Дебармаалци не отстапуваат од традицијата која се пренесува со генерации. Со топла ракија и мезе во култната кафеана Идадија, ја започнуваат секоја година, барем така е во последните девет децении.
Новогодишната ноќ на територијата на Град Скопје била мирна и стабилна и имаме огромно намалување на кривичните дела и прекршоци за разлика од претходните години, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Скопје.
- Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, истакна Шилегов.