Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска доколку временските услови тоа го наложуваат, информираше компанијата „Балкан Енерџи груп“, која е давател на услугата централно греење во Скопје.
Мотивацискиот викенд е составен од два дела и тоа говори од осум успешни млади лица и четири работилници од успешни компании.
Во Градскиот парк во Скопје кај Школка денеска ќе се одржи промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест во борбата против беснило.
Во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ в недела во Скопје ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор насловена како „Business Run 2017“.
Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје соопшти дека од недела 1 октомври започнува зимското сметање на работно време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг.
Комплексот на Железничка зграда во Скопје и старото кино кое е дел од овој објект поради лошата состојба може да се преуреди во мултимедијален простор во кој ќе има можност да се одржуваат дебати, изложби, дискусии.
На дискусијата во Железничка зграда Скопје ќе се обратат авторите и куратори на проектот Филип Јовановски, Ивана Васева и Дејан Ивановски, како и дел од станарите.
Десет македонски компании, преработувачи на овошје и зеленчук, викендов ќе имаат можност да се промовираат и да го престават преработувачки сектор на домашниот пазар на настанот „Време е за зимница“.
– Државата ќе инвестира во нов технолошки парк во Скопје кој ќе биде дом на еден ИКТ акцелератор за нови ИКТ компании и место каде постоечката индустрија ќе го најде својот интерес и го насочи развојот на нови решенија.
Под мотото „Вклучи се! за здрава животна средина“, денеска во паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе биде промовиран т.н. Вело-остров.