Под ѕвездено небо со убава македонска песна, опојно македонско вино со вкусни деликатеси и сето тоа зачинето со панорамски поглед на градот во уникатен фестивалски амбиент, во комплексот “Македонско село” започна првиот “Фестивал на виното”.
Со височина од 155 метри телекомуникациската кула на врвот на Водно ќе биде готова до крајот на 2018 година. На врвот на кулата е предвидено да биде изграден и ротирачки ресторан.
Познатиот скопски ресторан Форца го претстави својот нов хуманитарен проект за помош на социјално загрозените категории на граѓани кои живеат на територијата на општина Карпош под мотото – “Твоето малку е многу – достоен оброк за секого“
Шестото издание на „Недела на дизајнот“ во Скопје (Skopje Design Week), годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.
Манифестација „Ќебапот-чаршиски бисер на соживот оваа година по трет пат ќе се одржи на повеќе локации во Старата скопска чаршија.