ЈП „Лајка“ информира дека минатиот месец во градот Скопје, хумани третман поминале 85 кучиња. Од нив, 72 кучиња биле заловени од заловувачките тимови на „Лајка“, а 13 биле донесени од граѓани.
Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат катастрофални, истакнуваат од Општина Илинден.
Градоначалникот на Општина „Горче Петров“ Александар Стојкоски со претставникот на ,,CNVP Foundation" Кристина Бужароска, денеска потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, информираат од Општина Ѓорче Петров.
Водата во Скопје е безбедна за пиење и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Општина Гази Баба преку јавен оглас доделува 4.000.000 денари за финансиска поддршка за реализација на проекти од здруженија на граѓани и фондации.
Обвинуваат дека градоначалникот на Општината во тричлена комисија има поставено свои архитекти кои дале амин за изградба и дека ниту една институција не ги почитува законите. Барат надлежните веднаш да постапат и да го сопрат, како што велат, овој криминал во Карпош.
Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и композитор.
Граѓаните од Дексион, додал тој, долги години упатуваа барања до Општина Ѓорче Петров за санација и репарација на ул.„Радушка“ онаму каде што беше неопходно.
Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со проектори, 15 преносни компјутери и 1 повеќенаменски фотокопир, овозможена од општествено - одговорна компанија.
Во врска со оваа иницијатива, Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска да се изјасни дали е за оваа ревизија или не и да даде образложение.