Раководството на грчкиот гигант Панатинаикос размислувал сериозно за можноста да упати предлог за договор на легендата на шпанската кошарка, Хуан Карлос Наваро веднаш откако во медиумскиот простор се појави информација дека „Ла Бомба“ размислува да стави крај на кариерата.
Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи дои 14 години денеска ќе ги одигра првите натпревари на меѓународниот турнир во Словењ Градец, Словенија.
Леброн Џејмс втор пат по ред е избран за најомилен НБА кошаркар кај новите играчи во најсилната светската лига.
Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство од „Б“ дивизијата со пораз од Исланд со 64-55 (24-29).
Поранешниот кошаркар и стратег Јанко Луковски ќе го засили стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром за време на подготовките за новата сезона.
Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кенет Фарид беше уапсен во неделата откако беше обвинет за поседување на марихуана. Тој бил уапсен во Бриџхемптон, државата Њујорк, а според властите имал во себе повеќе од 56 грама марихуана. Поранешниот играч на Денвер бил на задното седиште на автомобил кој бил запрен за рутинска проверка.
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години која го освои бронзениот медал на Европското првенство Б дивизија денеска оствари средба со претседателот на МКФ Петар Наумоски.
Репрезентативците на Македонија до 16 години го освоија третото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, дивизија Б со што се пласираа во дивизија А. Предводени од селекторот Александар Јованчев, „жолто-црвените ја победија репрезентација на Чешка со резултат од 84-66.
Лидерот на шампионот во НБА, Голден Стејт Вориорс - Стеф Кари досега играл само за еден тим и во интервју за ЕСПН изјави дека има желба да остане кај „воините“ до крајот на кариерата.
Легендарниот кошаркар на Барселона, Хуан Карлос Наваро, одлучи да ја заврши својата кариера, објавија на веб-страницата на каталонскиот клуб. Оттаму велат дека 38-годишниот играч , кој со тимот освои 35 трофеи, ќе биде вклучен во активностите на клубот како функционер во наредниот период.