Капитенот на Вардар и „играчот со број 5“ Стојанче Стоилов на својот фејсбук профил објави статус во кој европската титула им ја посвети на комитите, Саздо, Македонија.
Вардарци во 2017 година ја ставија првата ѕвездичка, а по грандиозниот настап на Ф4-турнирот и победите над Барселона, а потоа и Веспрем, ќе добијат уште една. Двете ѕвезди ќе стојат веднаш над логото и ќе ги симболизираат двете европски титули.
Неофицијалната Вардарова навивaчка химна еден живот, една љубов звучеше неверојатно фантастично на крајот на прославата при пречекот на Европските шампиони.
Македонскиот шампион Вардар ги освои симпатиите на ракометниот свет со феноменалниот завршен турнир во Келн.
Ракометот е најтрофејниот француски спорт, слично како и на македонскиот, но најдобрите француски екипи не се најдоа во завршницата на Лигата на шампионите, но францускиот печат ја проследи победничката епопеја на македонскиот шампион Вардар
Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, за хрватските медиуми го анализираше сензационалниот подвиг на Вардар, кој спротивно од очекувањата, стана европски првак.
Ракометната федерација на Македонија испрати честитка до Вардар и порача дека ова е огромен успех за македонската спортска историја.
Пред граѓаните кои беа на плоштадот Македонија да ги пречекаат Вардарци и заедно со нив да ја прослават титулата, се обратија и двајцата коментатори на српската Арена кои ги коментираа преносите на Вардар во Келн.
Секогаш претпазливиот Роберто Гарсија Парондо во својата прва сезона на тренерското место на Вардар, успеа да стигне до насловот европски шампион.
Играчот на Вардар Игор Карачиќ заедно со неговите соиграчи од Македонија во еден здив ја испеа Македонската химна пред насобраните граѓани на плоштадот кои дојдоа заедно со нив да ја прослават титулата.