Екипата на Металург го доживеа третиот пораз во петтиот натпревар за време на подготовките во Франција. Избраниците на Данило Брестовац изгубија вечерва од Сен Рафаел со 35-31 (16-15).
По одигрувањето на натпреварите од последното коло во главната групна фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет што се одржува во Германија и во Данска.
Репрезентацијата на Хрватска ја победи Франција со 23-20 (11-11) и го освои третото место во групата, со што обезбеди учество во квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во 2020 година.
Данската судиска двојка Мартин Гјединг и Мадс Хансен јавно признаа дека ја оштетиле хрватската репрезентација на натпреварот со Германија. Хрватите го загубија мечот и со тоа шансите за полуфинале. Судиите во клучните моментите кога се одлучуваше победникот досудија пробивање од Карачиќ, наместо пенал за Хрватска.
Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен.
Шпанската ракометна репрезентација оствари победа над Бразил со 36-24 (19-13) во натпревар од втората фаза од Светското првенство во Германија и Данска.
Ракометарите на Металург го освоија првото место на силниот меѓународен турнир во Гренобл, Франција, откако во финалето ја совладаа силната екипа на Ирун Бидасоа од Шпанија, со 32:31, објавија „металурзи“ на клупскиот сајт.
Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е. За „коцкестите“ овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по победата над Чиле (32-20) изјави дека многу е подобро да завршиш со победа отколку со пораз.
Македонската ракометна репрезентација оствари победа против Чиле со 32-30 (16-16) во последниот меч од Светското првенство во Германија и Данска, со што го заврши Мундијалот на 15-тото место.