Македонскиот ракометен првак Вардар втор пат за само шест дена загуби од Барселона во годинашното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 34:26.
Пораз со еден гол разлика (23:22) забележаа ракометарите на Металург попладнево во Истанбул на гостувањето кај Бешикташ.
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентција на Македонија, Симе Симовски, го објави конечниот список на повикани ракометарки за собир за претстојните квалификациски натпревари (прва фаза) за обезбедување пласман за бараж натпреварите за СП 2019, кое ќе се игра во Јапонија, против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.
Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) ќе биде организатор на меѓународен квалификациски турнир (прва фаза) Група 4, за обезбедување пласман за бараж натпревари за СП Јапонија 2019.
Вистинска радост им приредија ракометарите на Вардар на децата од посебното основно училиште Иднина во Скопје.
Македонскиот ракометен првак Вардар го загуби вчерашниот дуел со Барселона во Лигата на шампионите, но и покрај поразот, „црвено-црните“ не се без свој претставник во некој од изборите на најдобри што гиправи ЕХФ за секоја рунда.
Горчината од првиот пораз во храмот на црвено – црните сезонава во ЕХФ Лига на шампионите се почувствува и на прес-конференцијата по лесната победа на Барселона против Вардар со 30 - 26.
Во дербито на групата А од Лигата на шампионите, повеќекратниот европски првак Барселона успеа да замине од Скопје со цел плен и два бода со кои се зацврсти на првото место на табелата.
Во преполната спортска сала “Јане Сандански” Вардар ги одмерува силите со шпанскиот гигант Барселона, а најголемата поддршка за вардарци традиционално доаѓа од навивачката група “Комити” кои во голем број се присутни на трибините.
Навивачите на Вардар дефинитивно вторпат сезонава треба да бидат прогласени број еден на седмото коло. Во СЦ „Јане Сандански“ има околу 7.000 фанови, кои „грмат“ за македонскиот првак.