Капитенот на македонската ракометна репрезентација и актуелниот член на Нант, Кирил Лазаров, се најде во идеалниот тим во „куќата на славните“ за последната деценија, што го сочинуваат ракометари кои доминираат од 2010 година.
Александар Јовиќ вети – Металург оствари. Во последното коло од регуларниот дел на СЕХА-лигата нашите ракометари остварија победа над екипата на Цеље ПЛ, учесник во плејофот на ова регионално натпреварување.
На едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата познат е противникот на Вардар за полуфиналето на Ф4 турнирот што од 13 до 15 април ќе се одржи во Скопје. Тоа е белорускиот тим Мешков Брест.
„Металурзите“ во Словачка одиграа доста слабо, со многу грешки во нападот, што на крај им го донесе и десетиот пораз. Двете екипи веќе ги загубија шансите за повисок пласман, па овој натпревар беше само формалност.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за четврт-финалните натпревари од Лигата на шампионите.
Вардар со победа и со нов рекорд го заврши основниот дел од регионалната СЕХА лига. Но, по натпреварот против Нексе на кој „црвено-црните“ славеа со 29:25, тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, изрази незадоволство од играта.
Вардар е првиот тим во СЕХА Газпром лигата што успеал да го заврши регуларниот дел од сезоната со 17 победи, откако во последниот натпревар го победи Нексе со 29-25 (11-12). Истовремено Вардар е нов рекордер по бројот на освоени бодови, 52 во регуларниот дел од СЕХА лигата.
Регуларниот дел од СЕХА Газпром лигата за Вардар завршува утре со последниот меч против Нексе (17,45 ч. СЦ „Јане Сандански"). Црвено-црните се први на табелата и одамна имаат обезбедено место на Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје од 13 до 15 април.
За само пет години играње во лигата на шампионите нашите девојки поставија нов клупски но и рекорд на Македонија - станаа најуспешна екипа во лигата на шампионите. Со завршувањето на натпреварите од Главната фаза сезонава вардарки влегоа во Топ-10 екипи на сите времиња во ЛШ.
Дуелите меѓу Будуќност и Вардар последниве четири години се вистински ракометни дерби средби каде двата тима влегувале без компромис. На почетокот Будуќност беше подобар, а последниве две сезони „црвено-црните" доминираат.