Дуелот меѓу Вардар и Барселона што е закажан за 10 февруари 2018 година е прогласен за натпревар на колото во лигата на шампионите.
Извршната директорка на ЖРК Вардар Гордана Нацева, денеска на прес-конференцијата пред дуелот со Будуќност во ЛШ потврди дека клубот на крајот на сезоната го распушта досегашниот состав.
Балканското ракометно дерби во женска конкуренција во лигата на шампионите се игра викендов во Скопје, а ни гостува тимот на Будуќност, поранешен двократен европски првак. Средбата се игра во сабота во 15 часот во СЦ „Јане Сандански".
Вардар триумфираше на гости во Германија кај Битигхајм, 38-26 и си обезбеди место во четврт-финалето на лигата на шампионите. Целиот тим играше одлично, а сепак една акција на Александра Лакрабер остана забележана од страна на ЕХФ ТВ.
Вардар по триумфот во второто коло од Главната фаза во лигата на шампионите кај Битигхајм, 38-26 ја продолжи низата на победи сезонава, и е првиот тим што обезбеди пласман во четврт-финалето.
Вардар повторно победува и од напорното гостување во Словачка нашите момци се враќаат со полн плен и три бода, победувајќи го тимот на Татран со 30-22 (14-13).
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешното редовно Годишно собрание се осврна на настапот на репрезентацијата на ЕП во Хрватска.
Вардар ја продолжува серијата без порази во СЕХА Газпром лигата по ремито 25-25 (12-12) против Мешков во 12 коло од регионалното натпреварување.
Со натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар ќе продолжи натпреварувањето во СЕХА лигата. Актуелниот шампион на ова натпреварување Вардар во период од три дена ќе одигра два дуела на гости.
Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од следната сезона ќе биде нов тренер на Вардар, како наследник Раул Гонзалес. Парондо доаѓа од женската екипа на Вардар каде е помошник тренер и во следните две сезони ќе го предводи машкиот европскиот првак од клупата.