Вардар е единствен тим во женската лига на шампионите што во Главната фаза тргнува со максимални 8 бода што ги пренесува од мечевите од првиот круг. Противници на „црвено-црните" во борбата за четврт-финале ќе бидат Мец, Будуќност и Битигхајм.
Македонскиот репрезентативец во дресот на германскиот ракометен шампион Рајн Некар Ловен Филип Талески ги одигра своите минути во Скопје против Вардар, а на прес-конференцијата тој кажа дека „црвено-црните“ се вистински европски прваци.
Ракометарите на Вардар со сигурна игра во текот на сите 60 минути ја обезбедија седмата победа во групата и го совладаа германскиот првак Рајн Некар Ловен со 30:26.
Европскиот и македонски шампион Вардар ја постигна и седмата победа во групата А од Лигата на шампионите откако попладнево во рамките на 8.коло на домашен терен во исполнетата сала во СЦ „Јане Сандански“ го совлада првакот на Германија Рајн Некар Ловен со 30:26 (17:13).
– Многу се подготвувавме за тактиката 7 на 6. Во првото полувреме менувавме играчи за да можеме да играме на квалитетно ниво во текот на сите 60 минути. Задоволна сум што ги освоивме сите 12 бода во групата, изјави тренерот на ЖРК Вардар Ирина Дибирова.
Европскиот вицепрвак Вардар е единствената екипа што без пораз и загубен бод ја заврши групната фаза од лигата на шампионите. „Црвено-црните" со 29-21(12-12) го победија Турингер и по 6-те одиграни натпревари во групата вардарки имаат максимални 12 бода.
Двете екипи немаат пораз по седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите и затоа овој меч е прогласен за дерби од страна на ЕХФ.
Во рамките на 7. коло на СЕХА-лигата, Металург загуби на гостувањето во Брест. Во натпревар со многу падови и подеми на Металург, Мешков Брест славеше со резултат 35:30 (18:17).
Европскиот вицепрвак Вардар е на добар пат според посакуваното и планираното да го заврши првиот од настапот во лигата на шампионите сезонава.
Во сабота во Скопје гостува Рајн Некар (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански"), тим што заедно со Вардар немаат пораз по седум одиграни натпревари.